fbpx

Нова мрачна прогноза за иднината на Tesla

Елон Маск верува во голема перспектива за Tesla, но по последните финасиски турболенции за компанијата, американските експерти продолжуваат да веруваат дека таа е многу поблизу до нејзин банкрот отколку експанзија

Мошне интересна анализа во оваа насока беше направена од инвестицискиот менаџер на Vilas Capital Management, Џон Томпсон, кој го привлече вниманието со неколку факти. Како прво, Tesla ја намалува побарувачката за Model S и Model X. Производството на Model 3 не се одвива според планираното. Финансиската состојба на компанијата е криптична – загубите само во изминатата година се над 2 милијарди долари.

Ова речиси сигурно ќе бара дополнително финансирање од 8 милијарди долари оваа година за да го врати производството во нормала. Овие пари, сепак нема од каде да дојдат, бидејќи акционерите во Tesla едвај ќе се согласат да додаваат уште во компанијата и да се зголеми нејзиниот капитал. Тие сакаат да ги добијат парите инвестирани досега, со профит кој нема начин да се оствари.

Tesla

Под два, ситуацијата е влошена од фактот што Комисијата за хартии од вредност спроведува формална истрага против Tesla. На компанијата и се испратени 85 прашања за својот бизнис, на што треба веднаш да се одговори. За време на истрагата, Tesla секако ќе има многу малку пристап до кредитни ресурси.

Како трето, Агенцијата Moody’s, која прави кредитни рејтинзи и анализи на ризиците ја преиспита ситуацијата на Tesla и најави дека ќе го намали рејтингот на компанијата од Б- до ССС, а тоа значи речиси сигурно затворање на сите можности за рефинансирање на досегашните кредити.

Четвртиот факт е велат експертите „фатаморгана“?! Маск се надева дека компанијата ќе ја спаси Кина, но тоа не е ни одблизи сигурно. Кинезите не се будали и можат да се запрашаат дали ќе инвестираат во банкротирана компанија, дури и повеќе кога станува збор за пари. Тие самите имаат многу проблеми, па нивната помош изгледа како привидение.

Анализата на Џон Томпсон е мошне интересн: „ не сум видел поапсурдна ситуација во мојата кариера. Тврдам дека секогаш сум постигнал да оценам што е најдобар резултат на пазарот, но во моментов сум цврсто против шансите на компанијата на Маск дека ќе преживее“?

Поврзани вести

Back to top button