fbpx

Новата Fabia пристигнува наскоро, караванот ќе го изначекаме

Новата генерација на Škoda Fabia својата официјална премиера ќе ја доживее наскоро, но кога станува збор за караванската верзија, ќе мораме да почекаме

Škoda оваа недела ја имаше својата годишна прес-конференција на која имаше неколку значителни најави околу своите планови. 2021 година се очекува да биде навистина исполнета за чешкиот бренд, со оглед на тоа дека пристигнува новата генерација на Fabia. Компактниот хечбек својата премиера ќе ја доживее во мај, додека караванската верзија ќе мораме да ја почекаме некое време, бидејќи нема да пристигне до 2023 година.

Планот е да се започне производството на компактниот караван за околу две години во Квасини фабриката во Чешка. Тоа ќе биде возможно дури откако ќе се премести производството на Superb во фабриката на VW Групацијата во Братислава за следната генерација на „знаменосецот“ на Škoda. Новиот VW Passat, кој наводно ќе се нуди само како караван, исто така ќе се произведува во главниот град на Словачка крај „роднината“ Superb. Двата модели ќе бидат развивани во Млада Болеслав.

Покрај ова, во 2021 ќе биде претставен и Enyaq iV Coupe, купе верзија на првиот исклучиво електричен модел на Škoda. SUV портфолиото на компанијата ќе биде освежено уште повеќе со претставувањето на освежените Karoq и Kodiaq кои исто така ќе пристигнат оваа година. Неодамна претставениот Kushaq кросовер ќе биде лансиран како прв модел наменет за Индија, додека Кина ќе го добие Octavia Pro со продолжена меѓуосовинско растојание.

Нови електрични модели и нови нивоа на опременост

Првиот човек на Škoda, Томас Шефер, истакна дека брендот ќе добие и помал електричен автомобил кој ќе биде поставен под Enyaq iV. Не откри многу детали, но се верува дека станува збор за еквивалент на Volkswagen ID.3 хечбекот. Исто така, постојат планови и за нов влезен модел во електричната понуда кој најверојатно ќе го замени Citigo-e iV. Електричниот автомобил од А сегментот веројатно ќе биде Škoda верзија на пристапниот ЕВ кој Seat го развива за 2025 година, кога се очекува и VW ID.1. Подоцна, чешкиот бренд ќе лансира и сличен модел на Octavia со електричен погон.

Шефер исто така вети и одржување на вредноста на брендот и задржување на ценовната пристапност на возилата со додавање на нови почетни нивоа на опременост кај постоечките модели. „Ќе го прошириме нашето портфолио во воведните сегменти со уфрлување на поевтини нивоа на опременост. Со тоа ќе заштедиме максимално и моделите ќе бидат пристапни за поголеми таргет групи“, вели Шефер, а кога веќе станува збор за штедењето, новата Fabia нема да добие никаква електрификација, ниту благ-хибриден систем.

Поврзани вести

Back to top button