Новата генерација на Peugeot 208 пристигна во Македонија

Новата генерација на Peugeot 208 отсега ќе биде достапна и во нашата земја, откако пристигна во продажните салони на Еуроимпекс

Новиот Peugeot 208 се базира на CMP платформата, а кога станува збор за дизајнот, очигледна е инспирацијата од моделите 508 и 3008, особено кога станува збор за каросериските форми и препознатливите LED дневни светла. Новата генерација на малото „лавче“ се карактеризира со спуштена каросерија и продолжен капак на моторот, како и впечатливите линии кои го истакнуваат спортскиот дух. Благодарение на поголемите димензии, Peugeot 208 има простран ентериер и поголем багажник.

Peugeot 208

Внатрешноста на 208 е можеби и најспектакуларната во сегментот. Внатрешноста е опремена со најновата генерација на Peugeot i-Cockpit 3D, која се карактеризира со конфигуративна инструмент табла со футуристички 3D холографски екран и 10-инчен HD екран на допир.

Моделот кој го забележавме во продажниот салон на Еуроимпекс е со Allure опрема, а под хаубата носи 1,2-литарски PureTech бензински мотор кој развива 100 КС и чија моќност се пренесува со шест-степен мануелен менувач.

Peugeot 208

Цените на моделите се уште не се познати и ги очекуваме во текот на следната недела, а за околу еден месец во Еуроимпекс се очекува да пристигне и електрифицираната верзија на Peugeot 208.

За повеќе информации и детали посетете го продажниот салон на Еуроимпекс.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close