fbpx

Новата летачка ѕверка на McLaren

Хибриден тро-сед со максимална брзина од неверојатни 403 km/h наречен McLaren Speedtail

Елегантен, долг, низок и моќен. Сето ова претставува одличен опис за новата ѕверка на McLaren од 2,25 милиони долари. Овој автомобил претставува наследник на легендарниот McLaren F1, а се до јули годинава тој беше познат како BP23. Врвниот Speedtail има хибриден погон со огромна моќност и одлична аеродинамичност, а исто така во изобилие има разни карактеристики кои прават денешните автомобили да изгледаат смешно.

Секое делче од возилото е дизајнирано во насока на брзина и аеродинамичност, па така овој автомобил со помош на своите 1.036 коњски сили, од 0-300 km/h забрзува за неверојатни 12,8 секунди. Со должина од 5,13 m, тој е подолг за 0,6 m од Bugatti Chiron. Покриен е со прекрасна карбонска наметка, со речиси совршена изработка, па така тој има тежина од само 1.430 килограми.

Што се однесува до предниот дел, уште веднаш може да се забелеши дека влезните воздушни канали се прилично добро сокриени, што се должи на тоа дека кај еден ваков модел, инженерството е многу поважно од естетиката.

Шефот на делот за дизајн Роб Мелвил, го опишува овој модел како “комета, со масата во предниот дел и долга опашка во задниот”.

McLaren

Тој исто така изјави дека тркалата преставуваат многу важен дел кај Speedtail и дека без нив автомобилот не би можел да ги испорача своите карактеристични параметри, односно максималната брзина и забрзувањето. Металниот дел над тркалото наречен “Wheel spat”, останува статичен додека тркалата ротираат и игра важна улога во аеродинамичноста на ова возило.

Тие допринесуваат за целосно намалување на турболенцијата и обезбедување на мирен проток на воздухот. Овој дел може да биде отстранет по желба, но сепак McLaren не го препорачува тоа. Уникатен детал кај ова возило е тоа што класичните странични ретровизори се заменети со дигитални повлекувачки камери, кои секако имаат помали димензии.

Тие не само што го намалуваат отпорот при високи брзини, туку и обезбедуваат поширок преглед. Дизајнот на внатрешната кабина не само што е забавен и уникатен, туку и им нуди на возачите многу области за прилагодување. Една од најинтересните работи кај овој модел е поставеноста на возачкото седиште кое се наоѓа во центарот на кабината, додека пак двете патнички седишта се поставени кон задниот дел, веднаш до станите на возачкото.

Класичните визири за сонце се заменети со електрохомно стакло кое се затемнува со само едно притискање на копче. Преку контролната табла се протега екран со висока резолуција и осетлив на допир. Во горниот дел односно над главата на возачот, се наоѓаат командите за автомобилот, како копчињата за менувачот, старт/стоп копчето, како и копчето за промена на динамичките режими.

Еден од овие е режимот Velocity, кој овозможува оптимизирање на моќноста на хибридниот погон од 1.036 коњски сили со што се овозможуваат максимални перформанси. Сеуште не се познати деталите околу изведбата на погонот, односно балансот меѓу моторот со внатрешно согорување и електричниот моторот.

Една од претпоставките е дека овој модел може да го носи познатиот 4.0 литарски двоен турбо V8 мотор, кој кон вкупната моќност од 1.036 коњски сили придонесува со околу 750 коњски сили. Електричниот мотор пак своето учество би го извел со 300 коњски сили. Конвенционалниот батериски пакет нема вграден приклучок, па така полнењето е изведено на индуктивен начин.

Разбирливо е дека McLaren се има фокусирано на стабилноста особено поради тоа што ова возило е дизајнирано за огромни брзини. Со цел да се минимализира бучавата од ветерот и тркалата, кај овој модел предните пневматици доаѓаат со ширина од 235 mm, со што нема да му пречат на воздухот кој поминува под возилото.

„McLaren никогаш досега не изградил возило како Speedtail”, изјави извршниот директор на McLaren Automotive, Мајк Флевит. „Како наш прв Hyper-GT , Speedtail е врвен McLaren патен автомобил, кај кој фузијата на уметност и наука ги комбинира неверојатната максимална брзина, како и централната позиција на возење и вистинскиот пионерски пристап кон посакуваната персонализација.”

Испораката на овој супер модел за среќните 106 сопственици започнува во почетокот 2020 година.

Поврзани вести

Back to top button