fbpx

Новата серија 3 пристигна и во Македонија

По својата премиера на саемот во Париз, новата „тројка“ пристигна во салонот на М Кар

Како седма генерација на легендарниот модел, новата серија е 3 базирана на нова модуларна платформа, а доаѓа во нов и нестандарден дизајн. Со основа на CLAR архитектурата, каросеријата на овој модел е главно изработена од алуминиум и челик, кои се карактеризираат со голема цврстина, но сепак придонесуваат за намалување на вкупната тежина за дури 55 килограми.

Овој модел претставува еден од најзабавните спортски седани на баварскиот производител, кој сега доаѓа во комплетно ново издание, со рафиниран дизајн. Предницата има прилично агресивен и робусен изглед, а е дефинирана со големите бубрези, како и тенките хоризонтални светлосни групи, кои придонесуваат кон карактеристичен светлосен потпис за овој модел.

Новата серија 3

Задниот дел, пак се карактеризира со долгите LED светла и интегрираниот дифузер со двоен издувен систем, кои ги истакнуват спортските особини на овој автомобил.

Новата серија 3 е исто така подобрена и во поглед на аеродинамичките карактеристики, па така со коефициент на отпор на воздухот од само 0.23 Cd, овој модел претставува најаеродинамичкиот автомобил во историјата на производителот.

Промените се однесуваат и во погонскиот асортиман, па така како новитет во 320d е новиот дизел мотор, со моќност од 190 коњски сили и вртежен момент од 400Nm. Освен оваа, новата „тројка“ е достапна во повеќе варијанти, како: 320d xDrive, 330i, M340i xDrive и 330e.

Почетната цена на овој модел изнесува 41.100 евра, а за повеќе информации може да се обратите во салонот на М Кар во Скопје.

Поврзани вести

Back to top button