fbpx

Новата Toyota C-HR пристигна во Македонија

Втората генерација на Toyota C-HR официјално е претставена во Македонија и сега е достапна за македонските купувачи

Втората генерација на кросоверот на Toyota, моделот C-HR, пристигна на македонскиот пазар. Со својот впечатлив дизајн, кросоверот за првпат ќе се нуди и со plug-in хибриден погон.

Кога сме веќе кај погонските единици, треба да се истакне дека C-HR пристигнува со хибридните погони од петтата генерација на јапонскиот производител. Понудата на македонскиот пазар започнува со 1,8-литарскиот хибриден систем кој испорачува 140 КС, а по него следува помоќниот 2,0-литарски хибрид со можност за погон на предните или сите четири тркала со 197 КС. На врвот е токму споменатата plug-in хибридна опција со 223 КС, благодарение на кои до „стотка“ забрзува за 7,3 секунди, а на струја може да помине до 60 километри.

Втората генерација на Toyota C-HR пристигна во Македонија

Дизајнот на новиот C-HR делува мошне препознатливо, а причина за тоа е што станува збор за продукциска верзија на C-HR Prologue, која првпат беше прикажана кон крајот на 2022 година, а стилските елементи на предниот дел се користени и кај новиот Prius, како и кај целосно електричниот bZ4X.

Работите се исто така во ентериерот сега делуваат пософистицирано. Кај повисоките нивоа на опременост се исткануваат двојните екрани од 12,3 инчи, а основната верзија добива со дисплеј од 8,0 инчи. Toyota нуди и многу технологија, вклучително и дигитален клуч, пакет напредни безбедносни системи со возење без раце во сообраќаен метеж и целосно автоматска функција за паркирање на далечина управувана од паметен телефон, за која Toyota вели дека е единствена во класата.

Две специјални верзии

Тојота Автоцентар, официјалниот импортер на Toyota во Македонија, на презентацијата покажа и две специјални изведби на новиот C-HR, а станува збор за GR Sport Premiere Edition и High Premiere Edition. GR Sport се одликува со спортска предна решетка, 20-инчни тркала и GR ознаки. Достапна е и Precious Silver боја во комбинација со црн покрив како контраст. Во ентериерот се истакнуваат Liquid Black деталите, спортските седишта GR Sport, JBL премиум аудио уред, а пред возачот се наоѓа и софистициран head-up екран. High Premiere Edition се одликува со двобојниот Sulphur екстериер, перфорирани кожни седишта, панорамски покрив и head-up екран.

Втората генерација на Toyota C-HR пристигна во Македонија

Втората генерација на C-HR на македонскиот пазар ќе има почетна цена од 33.990 евра за 1,8-литарскиот хибрид, додека на спротивниот крај од скалилото се наоѓа GR Sport Premiere Edition со цена од 56.690 евра за plug-in хибридната опција.

Повеќе информации за новиот C-HR во продажниот салон на Тојота Автоцентар, или пак на официјалниот веб-сајт.

Поврзани вести

Back to top button