ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Новата верзија на Bentayga е подобра од Urus во перформанси

На средина на оваа година, Bentley ќе претстави водечка верзија на Bentayga. Овој автомобил ќе биде опремен со подобрена верзија на својот мотор W12, сподели Autocar.

Во принцип, сегашните 608 КС под капакот на Bentayga треба да бидат доволно за сопствениците на SUV моделот, меѓутоа, проблемот е што италијанскиот бренд Lamborghini го нуди својот Urus со помоќен агрегат од оној на Bentayga. Топ-верзијата на италијанскиот SUV се потпира на 4.0 литарски битурбо V8 со 650 КС, кој забрзува од 0 до 100 km/h за 3,6 секунди и развива максимална брзина од 305 mk/h. Kaj Bentayga, тие параметри се 4,1 секунда и 301 km/h, што не одговара на шефовите на Bentley. Тие сакаат да го претстават својот модел како „најимпресивен кросовер на планетата“, а супериорноста на Urus дефинитивно ги попречува.

За целта, во моделот ќе се вгради 6.0 литарски W12 мотор кој сега ќе има 660 КС, што ќе му овозможи на автомобилот да забрзува од 0 до 100 km/h за под 4 секунди, а максималната брзина ќе достигне 306 km/h.15

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close