fbpx

Новата Vision генерација на Kia пристигна и кај нас

Популарните Kia Rio и Kia Stonic во Vision изведба доаѓаaт со збогатено ниво на опрема, односно со надградена внатрешност и надворешност

Новата Vision генерација на добро познатите корејски модели Rio и Stonic отсега достапни и во продажните салони на Kia Motors Macedonia. Надградените изведби на двата модели се генерациски 2020 година, а промените се однесуваат на внатрешниот и надворешниот дизајн, кои ги прават овие автомобили уште попривлечни и поинтересни.

Урбаниот кросовер Kia Stonic, во EX Vision издание може да го имате за цена од 13.790 евра, а како дел од новото ниво на опременост, вклучени се 15-инчните алуминиумски тркала, LED дневни и задни светла, како и LED трепкачи имплементирани во страничните ретровизори кои доаѓаат со електрично склопување.

Kia

Надополнувањето кај Kia Rio EX Vision, во поглед на внатрешноста се однесува на потпирачот за рака со кутија во централната конзола, додека пак промените во надворешноста се забележуваат кај LED дневните светла и ретровизорите со LED трепкачите и електронско склопување. Цената на овој модел изнесува 11.540 евра.

Новиоте EX Vision модели сега се достапни во продажните салони на Kia Motors Macedonia, каде може да се обратите за подетални информации или да ја посетите нивната веб страна на https://www.kiamotors.com.mk/.

Поврзани вести

Back to top button