Нови детали за најмоќното BMW M5

На интернет просторот се појавија фотографии и информации за најмоќниот сериски BMW M5 Competition Package

Mercedes AMG E63 C конечно добива достоен ривал.

Станува збор за Competition Package верзијата на актуелната BMW M5, кој сеуште не е претставен официјално, но веќе има податоци и фотки, која е спакувана со 4.4-литарскиот V8 би-турбо мотор и ќе биде доработен да генерира 25 КС повеќе отколку во стандардниот M5. Тоа значи дека моќноста ќе изнесува 625 КС, што е 22 КС повеќе од погоре споменатиот ривал од Mercedes-Вenz. Максималниот вртежен момент ќе изнесува 800 Nm.

Баварскиот седан би бил малку побрз. Се очекува забрзувањето од место до 100 km/h да e за 3.3 секунди, со 0.1 секунди побрзо од E63 S. Се разбира, ќе очекуваме трка меѓу двете изведби, за да дознаеме дали и навистина работите ќе стојат на таков начин. Официјалната премиера на BMW M5 Competition Package е закажана за 8 мај, кога ќе стане јасно за сите детали околу машината.

BMW M5
F90 Competition Package Exterior Style 789

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close