fbpx

Новиот 508 добива моќна хибридна верзија

Како увид во иднината на електрифицираните возила со фокус на перформансите, новиот Peugeot 508 Sport Engineered Concept ќе биде претставен во Женева

Овој пат францускиот производител Peugeot пријатно нѐ изненади со новата концептна изведба на новиот 508. Концептот го носи името Peugeot 508 Sport Engineered Concept и претставува приказ на иднината на електричните автомобили. Тој претставува хибриден модел развиен од Peugeot Sport, со посебен фокус при развивање на дизајнот, перформансите и ефикасноста на автомобилот.

Погонуван е од моќниот Peugeot PureTech 200 мотор, кој е поврзан со електирчна единица која испорачува моќност на предните тркала од 110 коњски сили. Исто така, присутен е и втор електричен мотор кој е задолжен за погонување на задните тркала со моќност од 200 коњски сили.

1 | Peugeot 508 Sport Engineered Concept
2 | Peugeot 508 Sport Engineered Concept
3 | Peugeot 508 Sport Engineered Concept

    Вкупниот вртежен момент од овие погонски единици изнесува 500 Nm, благодарение на кои производителот вели дека 508 Sport Engineered Concept од 0 до 100 километри на час може да достигне за дури 4,3 секунди, со максимална брзина од 250 километри на час. Како хибриден модел, тој е опремен со батерија со капацитет од 11,8 kWh, која овозможува целосно електричен опсег од 50 километри.

    Дополнително, за да соодветствува со погонскиот агрегат, овој концептен модел добива пониска суспензија, проширена предна оска за 24 и задна за 12 милиметри, подобрен систем за управување, а сето ова е комплетирано со сет пневматици Michelin Pilot Sport 4S.

    Како што споменавме, дизајнот претрпел измени во поглед на надворешноста и внатрешноста, па така новиот 508 Sport Engineered Concept има нов преден браник со 3Д печатен отвор за насочување на воздухот кон радијаторот и задниот дифузер.

    Во возачката кабина преовладува изработката со алкантара, па така новите ергономски седишта покрај алкантарата обложени се и со кожа, управувач исто така е изработен од алкантара во комбинација со јаглеродни влакна. Тука спаѓаат и А-пиларите, кровот и четирите панели.

    „Работата на сите ченови на Peugeot вклучени во развојот на нашиот електричен сон почнува да се движи побрзо отколку што некогаш сме можеле да замислиме. Новиот 508 Peugeot Sport Engineered Concept покажува што се е можно и ни дава приказ кон работите кои ни престојат во наредните пет години додека продолжуваме со патот кон електрификација на целиот наш асортиман”, изјави Дејвид Пил, извршниот директор на Peugeot UK.

    Овој нов високо перформансен концепт ќе имаме прилика да го видиме на Саемот во Женева, каде Peugeot официјално ќе ни го претстави.

    Поврзани вести

    Back to top button