fbpx

Новиот автомобил на Џејмс Бонд е откриен

Новиот филм на Џејмс Бонд е поставен и веќе неколку месеци се шпекулира дека агентот 007 ќе вози електричен Aston Martin

Фотографиите на моделот, чие име се уште не е познато, започнаа да се појавуват минатата недела, а актерот Даниел Крег беше забележан зад воланот на неговото ново возило. Сепак, автомобилот не е Aston Martin, ниту бензин ниту електричен. Всушност, сосема спротивното.

Во новиот филм 007 ќе вози стара верзија на Land Rover без покрив. Од официјалното резиме за 25-тиот Џејсон Бонд филм, јасно е дека филмот започнува со тоа како тој ужива во пензијата во Јамајка, а таму се и првите фотографии. Но, не е јасно како овој Land Rover се вклопува во заговорот.

https://www.instagram.com/p/Bw1uMZTFOPp/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Според различни информации, Land Rover го потврдил учеството во филмот, продолжувајќи ја врската, која се протегаше низ 20 филмови, кога компанијата се уште беше во сопственост на Ford. Гласините за учеството на Aston Martin во новиот филм исто така беа споменати, но дали производителот ќе достави електричн автомобили или не, останува да се види.

Синиот Land Rover едвај е идеален за бркотници, па на премиерата најверојатно ќе го видиме Бонд зад воланот на доста моќен автомобил. Неодамна прикажаниот Rapide E, кој е првиот целосно електричен автомобил на Aston Martin, е моделот, околу кој се вртат сите гласини поврзани со колата на 007. Од него се очекува да бидат направени само 155 примероци.

https://www.instagram.com/p/Bw1uPPFFg3n/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Моќта на електромоторите на Rapide E е околу 602 КС, а истите се поставени на задните тркала. Забрзувањето до 60 милји на час (96 km/h) e за помалку од четири секунди, а максимална брзина е ограничена на 155 милји (250 km/h). Автомобилот ќе се произведува во новата фабрика на Aston Martin во Велс, заедно со првиот SUV на британскиот бренд – DBX.

Поврзани вести

Back to top button