fbpx

Новиот BMW X6 – спортскиот SUV доби уште поголемо пакување

Поголеми димензии, многу нови технологии и уште поголеми „бубрези“, BMW ја претстави третата генерација на X6

Поголем и подраматичен од кога и да е, третата генерација на баварскиот купе SUV претставена во уште поголемо пакување, со повеќе спортски акценти и многу нови технологии. Вака спакуваниот X6 сега им се придружува на групата на Mercedes-Benz GLE Coupe, Porsche Cayenne Coupe и повеќето егзотични модели како Lamborghini Urus.

Димензински гледано, покрај предните „бубрези“, новиот X6 има пораснато за 26 mm во должина и 15mm во ширина, додека пак од претходникот е понизок за цели 6 mm. Разбирливо, меѓуоскиното растојание е исто така зголемено за 42 mm, а BMW вели дека тежиштето е сега пониско.

Надворешниот изглед се карактеризира со повеќе спортски карактер и робусен дизајн, каде предниот дел се одликува со големата предна решетка, која опционално може да се одбере со мод на вклучување, при што со секое отворање и затворање на вратите, таа свети. Имплементиран е нов преден браник со уште поостри линии, а поагресивниот изглед се забележува и во задниот дел, со LED задните светла, вентилирачките отвори и дифузерот со двоен издувен систем.

X6

Кабината е навистина убаво опремена и се одразува со Vernasca спортски седишта и инструмент табла покриена со Sensatec. Пред возачот поставен е 12,3-инчен дигитален инструмент панел, додека пак во централната конзола инфозабавен систем доаѓа со 12,3-инчен дисплеј. Моделот, исто така, ветува дека ќе биде практичен бидејќи задните седишта од 40:20:40 може да се преклопат за да се зголеми багажниот капацитет од 580 на 1,530 литри.

BMW ќе понуди четири мотори кај новиот X6. Дизелите, сеуште популарни во оваа класа, вклучуваат 3,0 литарски шест-цилиндарски xDrive30d и помоќен M50d. Бензинските опции ги вклучуваат 3,0 литарскиот xDrive40i и 4,4 литарскиот V8 M50i, кој испорачува 523 коњски сили и 750 Nm вртежен момент.

X6

Под нозете добивате систем за потпирање со две V водилки и електронски контролирани амортизери, чии карактеристики може да се прилагодат во зависност од режимот на возење. На опционалната листа, пристурна е и адаптивна M суспензија, како и само-нивелирачко воздушно потпирање, кое на возачот му овозможува да ја зголеми или намали висината за 40 mm во зависност од патните услови. Сето ова може да биде прилагодено и преку BMW Display Key.

Уште од самото појавување на моделот на пазарот, BMW има направено повеќе од 443.000 примероци од двете генерации на Х6, па така, како и нив, и престојната серија ќе се произведува во фабриката на Спартанбург во САД. Официјалната премиера на 2020 BMW X6 е закажана на саемот во Франкфурт во септември, а на пазарот достапен ќе биде веќе од ноември.

Поврзани вести

Back to top button