fbpx

Новиот C3 Aircross пристигна во салонот на Citroen

Неодамна освежениот Citroen C3 Aircross пристигна на македонскиот пазар и веќе е достапен во продажниот салон во Скопје

Француската компанија Citroen одлучи да го освежи еден од своите најпопуларни SUV модели, C3 Aircross, а сега истиот е достапен и во Македонија. Освежената верзија пристигнува со подинамичен дизајн, а иако моделот ја достигна својата зрелост, неговата уникатност и понатаму останува, овојпат е и унапредена. За тоа сведочи и нагласениот преден дел, новите декорации во боја и уште поголемиот комфор во ентериерот.

C3 Aircross

Уникатноста на Citroen C3 Aircross се истакнува преку заштита на долниот дел на каросеријата и лакот на тркалата, заштита на подвозјето во предниот и заден дел, како и кровните носачи. Новиот Citroën C3 Aircross има понаметлив дизајн со целосно редизајниран преден лик со кој се нагласува карактерот и статусот на моделот особено преку новиот светлосен потпис. Хромираните шеврони се надградени и се протегаат кон LED светлата, во духот на новите C3 и C4, но со помускулест пристап. LED светлата овозможуваат уште поголема видливост и безбедност, со што даваат чувство на поголема заштита. C3 Aircross располага и со нова решетка со комплетно нова геометриска шара и нова сребрено-сивкрова заштитна плоча за подвозјето со додатоци во боја, што ја нагласува робустноста на моделот.

Персонализацијата и понатаму останува еден од најголемите адути на C3 Aircross, а истата сега е надополнета и проширена, се со цел клиентите да можат да добијат уникатен модел. Citroen нуди дури 70 комбинации, кои се изведуваат преку 7 бои на каросеријата, од кои три се целосно нови. Тука се и четирите колор пакети со две нови бои, како и двете бои за покривот, заедно со новите тркала со големина од 16 и 17 инчи, можноста за персонализација на капаците од ретровизорите и слично.

Голем број опции за персонализација во ентериерот

Опциите продолжуваат и во ентериерот, каде купувачите можат да изберат четири различни амбиенти, меѓу кои се и стандардниот, потоа Urban Blue, Metropolitan Graphine или Hype Grey, а секој од нив добива ново специјално порабување кое е единствено на пазарот.

Тука се и Advanced Comfort седиштата, а од новите технологии треба да се истакне 9-инчниот инфозабавен систем со Connect Nav, Android Auto и Apple CarPlay, 12 интуитивни системи за асистенција, а во понудата сес и бежичното полнење на телефоните, head-up екранот во боја, Park Assist, Top Rear Vision, додека самата кабина ја задржува својата модуларност, пространост и светлина. Багажниот капацитет се зголемува од 410 на 520 литри благодарение на лизгачката задна клупа, но и до 1.289 литри со преклопени седишта.

Освежениот Citroen C3 Aircross ќе се нуди во три нивоа на опременост и тоа Feel, Feel Pack и Shine, а тука се и неколкуте PureTech бензински и BlueHDI турбодизел мотори кои можат да се комбинираат со шестстепен мануелец или шестстепен автоматски менувач, зависно од агрегатот кој купувачите ќе го одберат.

C3 Aircross

Цената за C3 Aircross во Feel ниво на опрема со PureTech турбо бензински мотор со 110 КС изнесува 16.190 евра, а за повеќе информации посетете го продажниот салон на Citroen во Скопје, или пак официјалната веб-страница на францускиот бренд во Македонија.

Поврзани вести

Back to top button