fbpx

Новиот Citroen C5 Aircross ќе минува 60 километри на струја

Откако Citroen не запозна со целосно новиот пазарен предлог за Европа- C5 Aircross, сега открива детали и за некои од најинтересните технолошки елементи со кои ќе се нуди автомобилот при своето деби на пазарот подоцна оваа година

Со основни димензии: должина 4,5, височина 1,67 метри и ширина 1,84 метри, меѓуоскино растојание од 2.73 m и 23 cm клиренц, C5 Aircross ќе се нуди во две бензински- PureTech 130 и PureTech 180, и три дизел- BlueHDi 130, BlueHDi 130 и BlueHDi 180, модификации, а во зависност од верзијата, ќе има интегриран шест-брзински мануелен или осумстепен автоматски менувач.

Кон крајот на следната година ќе бидеме сведоци и на пазарното лансирање на неговата plug-in хибридна верзија (PHEV), која ќе биде прва од ваков вид за Citroen како целина и ќе понуди можност за возење на 60 километри во чист електричен режим. Во однос на инфотеимент системот, новиот Citroen C5 Aircross ќе се нуди со 8-инчен, чувствителен на допир екран, со помош на кој ќе се врши контролата на поголемиот дел од потсистеми на автомобилот.

C5 Aircross

Благодарение на системот Mirror Screen Function со поддршка на Android Auto, Apple CarPlay и MirrorLink, корисниците ќе можат да работат и користат апликации на својот Smartphon уред директно од патниот екран. При употреба на мобилен телефон, кој ја поддржува технологијата Qi, истиот ќе може да биде надополнет безжично по поставувањето во посебна преграда во предниот дел на средишната конзола.

Секој претставник на C5 Aircross ќе биде опремен со Citroën Connect Box со SOS & Assistance функција, која ветува прецизни информации и помош при сообраќајна несреќа, целосно бесплатно и без претплата.

Системот е во можност да го извести автоматски или по притискање на одделно SOS копче, тимот кој треба да реагира во случај на потреба од брза помош, или Double Chevron копчето при потреба од специјализирана асистенција. Интересен систем кај C5 Aircross ќе биде вградениот во камерата ConnectedCAM Citroën, која освен за снимање на глетки од уште едно патување, ќе може да се користи и како видеорегистратор во случај на сообраќајна несреќа. Камерата и видео снимките ќе бидат синхронизирани со мобилен телефон, како и објавени во социјалните медиуми.

C5 Aircross

Поврзани вести

Back to top button