fbpx

Новиот Fiat 500X подготвен

Fiat ги објави првите детали за новата верзија на кросоверот 500X, кој ветува дека ќе стане еден од најдобрите и безбедни автомобили во својот сегмент

Со сериозно променет дизајн на предниот и задниот дел, возилото доаѓа стандарден богат сет системи за зголемување на активната безбедност, како и новата генерација три и четирицилиндерски бензински турбо мотори со до 20% подобра горивна економичноста. Со новите LED фарови, секој од претставниците на новиот Fiat 500X исто така ќе биде опремен со SpeedAdviso, Traffic Assist и многу повеќе.

Внатрешноста на Fiat 500X исто помина низ програма на обновување, а доаѓа со нов интрументален блок, Uconnect 7 “HD LIVE, систем со интеграција на мобилни телефони со Apple CarPlay и Android Auto, а идните сопственици на кросоверот ќе можат да избираат меѓу два основни стилови на каросеријата и три нивоа на опрема, како и верзија со погон на четири тркала.

Во палетата на мотори на Fiat 500X се вклучени бензински турбо агрегати од новата генерација, вклучувајќи го 1.0- литарскиот трицилиндерски со 120 коњски сили и 190 Nm и четирицилиндескиот 1.3 со 150 КС и 270 Nm. Достапен ќе биде исто така е и модернизираниот 1.6-литарски E-Torq агрегат со 110 КС, а дизел модификации ќе има три 1.3 MultiJet II со 95 КС, 1.6 MultiJet II со 120 КС и 2.0 MultiJet II со 150 коњски сили.

Поврзани вести

Back to top button