Новиот Hyundai i10 доаѓа со подинамичен дизајн

Официјална скица од престојниот i10 ни дава претстава за тоа што не очекува кога компанијата ќе го претстави на Саемот за автомобили во Франкфурт

Како и сите скици од ваков вид, автомобилот е престилизиран и нашминкан, така што вистинската верзија со сигурност нема да има исти драматични и агресивни пропорции. Сепак, ова ни дава добра идеа за новото лице на градскиот автомобил за кој Hyundai вели дека има енергичен и агилен изглед.

Предниот дел на новиот i10 вклучува храбар нов дизајн на предната решетка, кој вклучува кружни светла за магла во секој агол. Исто така, има и аголни влезови на воздухот на краевите на браникот и остри нови фарови.

„Целокупниот i10 има млад и динамичен дизајн кој се истакнува во А-сегментот. Неговата широка предна решетка изразува спортски карактер и ги вклучува дневните светла, со што се продолжува оваа одлика на наследството на i10“, велат од Hyundai.

i10

Јужнокорејската марка потврди дека новиот i10 ќе биде опремен со напредни технологии, како систем за избегнување на фронтален судир со преден радарски сензор, систем за предупредување доколку возачот изгуби внимание и систем за одржување на возилото во лента, сите како стандард. Новиот градски автомобил ќе биде опремен и со Apple CarPlay, Android Auto, полнење на безжични паметни телефони и камера со преглед на задниот дел.

Во поглед на агрегатите, новиот i10 би можел да се продава со голем број на три и четири-цилиндарски мотори, од кои едниот би можел да биде 1,0 литарскиот T-GDI со турбополнач со 118 коњски сили од поголемиот i30.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close