fbpx

Новиот Hyundai Veloster е подготвен

Hyundai понуди интересно видео во кое може да ја видиме новата генерација на еден од најинтересни модели во целата историја на марката- Veloster

Во видеото возилото е камуфлирано со маскирни бои и немаме целосна можност да се запознаеме со промените во надворешноста. Воедно во моментов од Hyundai, исто така, не споделуваат и никакви детали за новиот Veloster, но од описот на видеото станува јасно дека најверојатно тој ќе биде демонстриран за време на посебно организиран настан уште во овој месец во Кореја.

Голема е веројатноста, компактниот спортски модел да биде прикажан за прв пат пред публика за време на меѓународниот салон во Детроит, во јануари. Нема поединости, но клипот, имплементираниот материјал и звук, се навистина импресионирачки и секако предизвикуваат голема доза на љубопитност за тоа што донесува идното остварување на моделот?!

Hyundai Veloster

Поврзани вести

Back to top button