МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНА

Новиот KIA CEED достапен за македонската публика

KIA CEED пристигна во салонот на Киа Моторс Македонија во Скопје, со што се комплетираше гамата на KIA Motors со долго очекуваниот нов модел од Ц-сегментот

Новиот KIA CEED е надграден на новата платформа K2. Возилото е 2 сантиметри пошироко и 2.3 сантиметри пониско од неговиот претходник, додека должината на меѓуоскиното растојание останува непроменета 2.650 милиметри. Волуменот на багажникот е зголемен за 15 литри и сега изнесува одлични 395 литри.

KIA CEED е опремен со 1.0-литарскиот турбо агрегат со 120 коњски сили, а во бензинската понуда е вклучен и мотор со зафатнина 1.4 литри – атмосферски и турбо, со моќност од 100 и 140 коњски сили. Ќе се нуди и 1.6-литарски турбодизел со моќност од 136 коњски сили и ги задоволува EURO 6d стандардите. Клиентите ќе може да нарачаат автомобил со 6-брзински мануелен менувач или со 7-степен роботизиран со две спојки.

Опремата вклучува адаптивен круз контрол систем, управување на дел од функциите на автомобилот преку паметен телефон, JBL аудио, мултимедијален систем, како и електронски системи за асистенција, кои го следат движењето во лента, во мртва зона, во прегледот на возачот и помагаат при паркирање и излез од паркинг.

Киа Моторс Македонија Ве кани да го посетите салонот во Скопје и да се запознаете со новиот адут на KIA Motors.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close