fbpx

Новиот Maserati Grecale за прв пат прикажан на тизер фотки

Компактниот SUV на Maserati се подготвува за својата премиера која се очекува подоцна оваа година, а брендот објави неколку тизер фотографии

Поминаа шест месеци откако Maserati официјално потврди дека планира да лансира нов SUV во својата постава. Помалиот брат на Levante е наречен Grecale, а заега малку информации се познати од неговото најавување во 2020. Сепак, сето тоа се промени денес, откако Maserati објави неколку, прилично нејасни тизер фотографии на социјалните мрежи.

Интересно, фотографиите се официјални, но се споделени од страна на главниот дизајнер за екстериер на Maserati Данило Тосети и дизајнерскиот шеф на Maserati Клаус Бусе. Од фотографиите може да се забележат некои сличности со Levante, a кога станува збор за димензиите, може да се забележи дека нема да биде ниту многу помал од засега единствениот SUV на брендот.

Grecale ќе ја споделува платформата со Alfa Romeo Stelvio, а од Maserati истакнаа дека фокусот ќе биде ставен на динамичноста и практичноста, што во превод би значело дека моделот ќе има пространост на кросовер, но сепак ќе биде дизајниран да има перформанси кои се очекуваат од еден Maserati.

Grecale

Деталите околу погоните не се познати, но Maserati најави дека ќе понуди електрични верзии на своите нови модели, така што електричен Grecale се очекува во некој момент во следните години. Исто така, не е познато ниту кога новиот SUV на компанијата ќе пристигне на пазарот. Maserati засега останува со плановите да го претстави оваа пролет, но тоа ќе се однесува на прототипот, а со оглед на Ковид-19 пандемијата, многу веројатно е дека Grecale ќе се најде во продажба кон крајот на 2021 или почетокот на 2022 година.

Поврзани вести

Back to top button