fbpx

Новиот Mini JCW GP со премиера на саемот во Лос Анџелес

Најавен пред повеќе од две години во форма на концепт, Mini JCW GP конечно ќе добие премиера и производно издание

Серијата е ограничена на 3.000 примероци, со цена од 34.995 фунти за пазарот во Велика Британија. Агресивна надворешност, со впечатливи преден спојлер на јаглеродни влакна, големи отвори за воздух, црвени детали, 19 инчни алуминиумски тркала и многу други работи го карактеризираат овој автомобил.

Погонуван од 2.0-литарски турбо мотор со 306 КС и 450 Nm вртежен момент, комбиниран со 8-степен автоматски менувач, забрзува од 0 до 100 км на час за 5,2 секунди, а достигнува максимална брзина од 263 км на час.

Поврзани вести

Back to top button