fbpx

Новиот Passat е „Најдобар бизнис автомобил за 2019 година“

Само неколку недели по претставувањето, новиот Passat ја освои наградата „Најдобар бизнис автомобил за 2019 година“

Според изборот на читателите, наградата за „Најдобар бизнис автомобил“, иницирана од уредничкиот тим на Auto Bild, , ја доби новиот Passat во обемната категоријата „Автомобили со средна големина“.

Списанието Auto Bild пишува: „Овие бизнис автомобили претежно се возат на националните патишта и автопати, како и на подолги патувања. Мноштвото на системи за безбедност и врвниот комфор на возачот и патниците ги прават долгите патувања многу попријатни и побезбедни.”

Новиот Volkswagen Passat се карактеризира со LED предните и задни светла, адаптивниот темпомат, помош за задржување на лента Lane Assist, предупредување при ризик од фронтален судар со можност за автономно сопирање Front Assist, систем за детекција на пешаци, најновиот инфозабавниот систем, вклучувајќи и интерфејс за мобилен телефон, поврзување со паметни телефони преку App Connect и многу мобилни услуги преку интернет.

Германскиот седан исто така се одликува и со ефикасни и одржливи агрегати, како турбо бензински, турбо дизел и најновиот Passat GTE со хибриден погон кој испорачува моќност од 218 коњски сили.

passat

Поврзани вести

Back to top button