fbpx

Новиот Peugeot 2008 и со електрична верзија

Peugeot ги откри првите детали за новиот 2008, а слично како и помалиот 208, компактниот SUV модел ќе се нуди на пазарот и во целосно електрична верзија

Од компанијата соопштуваат дека новиот Peugeot 2008 е исклучително високо технолошки автомобил, каде главниот акцент е во внатрешноста каде е новата генерација на инфо-комуникациски и мултимедијален систем PEUGEOT i-Cockpit® 3D, надграден со голем број на технологии за поддршка на управувањето.

Новиот Peugeot 2008, што ќе биде лансиран на пазарот кон крајот на оваа година, ќе се нуди во три основни верзии- бензински, дизел и електрична. Во првите две групи има вкупно пет модификации- бензински PureTech 100, 130 со 6-брзински мануелен или EAT8 автоматска трансмисија и PureTech 155 S & S EAT8 (ниво GT), додека дизел верзиите се BlueHDi 100 S & S BVM6 и BlueHDi 130 S & S EAT8.

Електричната верзија на новото Peugeot 2008 ќе пристигне на пазарот со моќност од 136 коњски сили и вртежен момент од 260 Nm, а автономијата од 310 километри е загарантирана во резултат на интеграцијата на моќна батерија со капацитет од 50 kWh.

Овој модел доаѓа со фабричка гаранција од 8 години или 160.000 километри за зачувување на 70% од капацитетот.

Во зависност од изворот, батеријата може да биде наполнета за максимум 16 часа и до 80% за 30 минути при користењето на инсталација за брзо полнење (100 kW). Peugeot истакна дека како резултат на просторот за батериите, капацитетот на товарот и внатрешниот простор на автомобилот не се намалени.

Целосно новиот Peugeot 2008 добива и голем број на високо-технолошки системи за зголемување на безбедноста и комфорот, вклучувајќи го и системот Drive Assist plus, која го означи почетокот на патот на компанијата кон постигнување на автономно управување. Комбиниран систем за следење на возила напрад и ленти, адаптивен темпомат и многу повеќе. Достапни се и помошникот за паркирање, автоматскиот систем за сопирање, автоматските предни светла, препознавањето на сообраќајни знаци и друго.

Поврзани вести

Back to top button