fbpx

Новиот Peugeot 5008 пристигнува во 2022 година

Францускиот производител Peugeot ќе ја пласира новата генерација на големиот SUV 5008 во 2022 година, иако првично се сметаше дека промената ќе дојде нешто подоцна

Peugeot 5008 мина долг пат од MPV до SUV возило, а сето тоа експресно се рефлектираше врз продажните резултати, откако 5008 прејде во друштвото на далеку попопуларниот SUV сегмент. Новата генерација на овој модел ќе се фокусира уште повеќе на практичноста, односно употребувачката вредност на возилото. Дизајнерскиот шеф на Peugeot, Жил Видал, потврди дека ќе дојде до големи промени со новиот модел.

„Клиентите кои се одлучуваат да го купат 5008 обично се семејства со мали деца, кои пред се сакаат автомобил кој нуди доволно простор, како на задната клупа, така и кога станува збор за багажникот. Ќе мораме да понудиме модел кој има форма на коцка, но воедно да го направиме поатрактивен што е сериозен предизвик за дизајнерите“, изјави шефот на дизајнерското одделение на францускиот бренд, Жил Видал.

Исто како и 3008, новата генерација на Peugeot 5008 ќе биде базирана на EMP2 V4 платформата, која е еволутивен исчекор во однос на актуелната архитектура која ја користи актуелната генерација на 5008. Оваа нова платформа ќе овозможи користење на широка палета на моторни единици. Тоа значи дека новиот 5008 во понудата покрај конвенционалните мотори на внатрешно согорување, ќе добие и верзија со благ хибрид, plug-in хибрид, а на крајот и целосно електрична верзија.

Во Peugeot веруваат дека со промените на новата генерација ќе следуваат и многу подобри продажни резултати на моделот 5008.

Поврзани вести

Back to top button