fbpx

Новиот Range Rover Evoque со премиера на 22 ноември

Land Rover најави дека официјалната премиера на новиот Range Rover Evoque ќе се одржи на 22 ноември во Лондон

Почетокот на промоцијата на SUV моделот почнува со уметничко дело кое беше поставено од легендарната марка, со што компанијата открива дел од надворешните контури на својот нов автомобил. Без да навлегуваат во детали, од Range Rover коментираат дека новата генерација на пионерот во сегментот на луксузни SUV модели, лансиран во 2010 година, ќе им понуди на корисниците нови димензии во однос на дизајнот, можностите и одржливоста во текот на експлоатацијата.

Во моментов, Range Rover Evoque може да се пофали со повеќе од 750.000 глобални продажби и повеќе од 225 меѓународни награди.

Барања за купување на новата генерација на Range Rover Evoque ќе почнат да се реализираат паралелно со премиерата на автомобилот на 22 ноември.

Поврзани вести

Back to top button