Новиот Renault Megane RS Trophy пристигнува со 300 КС

Renault откри детали за новата екстремна верзија на новиот Megane RS Trophy, каде максималната моќност на 1.8-литарскиот турбо мотор изнесува 300 коњски сили.

Кај Renault Megane RS Trophy погонскиот агрегат е во состојба да генерира максимален вртежен момент од 420 Nm. Ќе се нуди во верзија со рачен и роботизиран EDC менувач, дополнително оптимизирана суспензија и систем за погон на четирите тркала 4CONTROL. Опремена со лесни 19- инчни фелни, систем за сопирање Bremb, и спортски гуми Bridgestone.

За најпребирливите клиенти, од Renault се предвидени можност за нарачка на новата генерација предни спортски седишта Recaro, кои се тапацирани со Alcantara, а сите корисници ќе може да се потпрат на работата на системот Multi-Sense за избор на режими на однесување на патот на автомобилот, R.S. Vision, системот R.S. Monitor за собирање на податоци и многу други додатоци.

Поврзани вести

Back to top button