Новиот салон на Hyundai официјално отворен во Скопје

Новиот продажно-сервисен салон на Hyundai денеска беше официјално отворен во рамките на комплексот на Ми-Да Гранд Моторс во Скопје

Ми-Да Гранд Моторс стана новиот официјален застапник за брендот Hyundai во нашата држава, а денеска официјално беше отворен и новиот продажен салон кој се наоѓа во рамките на комплексот на Ми-Да Гранд Моторс.

Салонот и сервис центарот на Hyundai се сместени на улица „Босна и Херцеговина“ број 1, до салонот на Форд, и тука може да се набават најновите модели од палетата на брендот Hyundai. Освен нови возила, Ми-Да Гранд Моторс нуди и единствен овластен сервис за сите возила во гаранција, но и за сите останати возила од овој бренд во Македонија.

Со денешното отворање на новиот продажно-сервисен Hyundai центар, Ми-Да Гранд Моторс прераснува во сериозен автомобилски центар на македонскиот пазар со богата понуда на возила во еден од најмодерните објекти во нашата земја.

Генералниот директор на Ми-Да Гранд Моторс, Дритон Заири, истакна дека компанијата станува сериозен автомобилски центар каде што клиентите ќе можат да купат возила од брендовите Ford и Hyundai, но и да набават користени возила од сите брендови кои се продаваат под балканскиот бренд Аутото.

„Навистина сме горди што во нашиот автомобилски центар отсега ќе можеме да ги нудиме возилата од брендот HYUNDAI. Тоа зборува за сериозноста на Ми-Да Гранд Моторс да биде прва на балканскиот пазар и за нашиот сериозен пристап кон работењето со светски брендови. Ова ја покажува и нашата сериозност да понудиме квалитетен сервис за нашите клиенти, да понудиме врвна услуга и да создадеме задоволни клиенти. Ги повикуваме граѓаните да создадат ново искуство во автомобилскиот свет“, рече Заири пред присутните гости на денешното отворање на новиот продажно-сервисен центар. Од Ми-Да Гранд Моторс нагласија дека тие се единствениот овластен продавач и сервисер на брендот Hyundai на територијата на Р. Македонија.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close