fbpx

Новиот Toyota RAV4 доаѓа на 28 март

Тoyota објави прелиминарна фотка за следната генерација на RAV4

Моделот, кој е еден од најдобро продаваните кросовери во светот, ќе се појави во целосно светло на 28 март оваа година. Во оваа фаза не можеме да кажеме многу за новината, но првата фотографија покажува дека RAV4 ќе биде малку поголем од сегашниот модел и ќе понуди многу поатрактивен дизајн.

RAV4Најголемата техничка иновација ќе биде новата TNGA платформа, која веќе е во употреба со тековните Prius, Camry и C-HR. Тоа треба да донесе значително намалување на тежината и подобра странична торзиона отпорност.

Не е исклучено дека RAV4 ќе стане втор модел на Toyota кој доаѓа со два различни хибридни системи. Првиот ваков автомобил на Јапонците е новиот Auris, кој ќе биде достапен со 1.8 и 2.0 атмосферски мотори, со помош на електричен мотор.

Поврзани вести

Back to top button