Новиот Tucson претставен пред македонската јавност

Новата генерација на Hyundai Tucson ја доживеа својата официјална светска премиера во септември минатата година, а сега го доживеа своето претставување за македонската јавност

На дигитален настан организиран од страна на Ми-Да Моторс Македонија, застапникот на Hyundai во Македонија, четвртата генерација на SUV моделот Tucson на корејскиот производител ja доживеа премиерата за македонската јавност.

Она што е познато од претходно е дека новиот Hyundai Tucson се одликува со новата Sensous Sportiness дизајнерскиот јазик на компанијата, а во согласност со тоа, популарниот SUV модел воопшто не наликува на она на што сме навикнати од претходно. Тука е новата предна решетка со „параметрички сoкриени дневни светла“, а на задниот дел се наоѓа радикално променетата задница која вклучува одделни задни светла, скриени задни брисачи поставени под спојлерот и агресивниот дифузер.

Tucson

Новата генерација на Tucson порасна и во однос на димензиите, а промените се воочливи и во внатрешноста, каде кабината доби нов дизајн на контролната табла и централната конзола, на која се наоѓа 10,25-инчниот екран на допир од инфозабавниот систем, а пред возачот е новата дигитална инструмент табла. Кај базичните модели се наоѓа 8-инчниот екран од инфозабавниот систем, но и покрај тоа, моделот пристигнува со Apple CarPlay и Android Auto конективност.

Tucson

Tucson во Македонија

Кога станува збор за моторните единици, покрај стандардните бензински и дизел мотор, ќе се најде и класичен хибрид, plug-in хибрид, но и системи на блага хибридна технологија.

На македонскиот пазар, новиот Hyundai Tucson ќе се нуди 1,6-литарскиот бензинец со 150 или 180 КС, со погон на две или сите четири тркала, а купувачите ќе можат да бираат меѓу шестстепениот мануелен или седумстепениот DCT менувач. Притоа, Tucson ќе се нуди и во шест нивоа на опременост и тоа Comfort, Style, Vision, Premium, Impression и Ultimate. Цената на бензинската верзија, зависно од изборот на менувач и нивото на опременост, како и моќноста на 1,6-литарскиот T-GDI мотор, варира од 23.900, па се до 38.800 евра.

Од друга страна, кога станува збор за дизел варијантата, 1,6-литарскиот CRDi мотор на новиот Tucson исто така доаѓа во две конфигурации со 115 и 136 КС. Послабиот мотор доаѓа со мануелен шестстепен, а помоќниот со автоматски седумстепен менувач. Исто како и бензинската, така и оваа верзија може да се избере со погон на двете или сите четири тркала, се нуди во истите шест нивоа на опременост, а цените почнуваат од 25.500 и стигнуваат до 39.900 евра.

Новиот Hyundai Tucson исто така пристигнува со апликација која користи NFC за отклучување и заклучување на возилото, a како дел од опремата пристигнуваат и  активните безбедносни системи како AEB со детекција на пешаци, предупредување за возило во „мртвиот“ агол, систем за одржување на возилото во коловозната лента, адаптивен темпомат и друго.

За повеќе информации посетете го продажниот салон на Ми-Да Гранд Моторс, или посетете го официјалниот сајт на Hyundai Македонија.

Поврзани вести

Back to top button