fbpx

Новиот Volkswagen ID.3 ќе комуницира со патниците

Покрај веќе познатите информации, Volkswagen ќе ги придобива клиентите заинтересирани за целосно електричниот Volkswagen ID.3 со некои уникатни детали

Една од нив е ID- концепт што ќе му овозможи на автомобилот визуелно да комуницира со патниците преку LED лента која минува низ кокпитот на Volkswagen ID.3. Во момент на активирање на гласовната контрола лентата со светлосни сигнали ќе ги следи реакциите на секој поединечен систем.

На пример, со трепкање ќе го информира возачот кога да ја смени лентата, ќе го сигнализира полнењето на батериите, моќноста на сопирање итн. Volkswagen објаснува дека овие системи сакаат да создадат поудобна атмосфера во кабината, но исто така и да го олеснат користењето на возилото.

Поврзани вести

Back to top button