fbpx

Новиот VW Caddy добива SUV шмек со PanAmericana верзијата

Volkswagen во понудата за новата генерација на моделот Caddy ја додаде верзијата PanAmericana

Volkswagen ја лансираше петтата генерација на својот модел Caddy во комерцијална и патничка верзија во февруари минатата година, а сега го проширува опсегот со додавање на една поавантуристичка верзија, наречена Caddy PanAmericana.

Замнувајќи ја претходната генерација на Caddy Alltrack, PanAmercana носи еден поагресивен и SUV стајлинг и во патничката и во комерцијалната верзија со пократко меѓуосовинско растојание. Името PanAmericana пристигнува од рутата од Аљаска до Тиера дел Фуего и има за цел да ја прикаже својата погруба природа на ова патничко комбе.

Caddy PanAmericana

Меѓу промените кои Volkswagen ги направи на екстериерот на Caddy во оваа PanAmericana верзија вклучуваат и пластични заштити на браниците, сводовите над тркалата и страничните прагови, а под предната решетка се наоѓа заштитна цевка во боја на каросеријата. Благодарение на овие промени, оваа „кросовер“ варијанта се разликува од обичниот Caddy. Секако, неизбежни се и заштитата за подвозјето, PanAmericana обележјата, LED светлата, покривните шини и сетот на двобојни 17-инчни тркала.

Погон на сите четири тркала како опција

Во внатрешноста се наоѓаат Pinestripe облоги за седиштата, кожен мултифункционален управувач, алуминиумски педали и PanAmericana обележја. Исто така го добива и дигиталниот кокпит од Style нивото на опременост кој вклучува дигитален инструмент кластер и 10-инчен централен екран на допир за инфозабавниот систем. Оваа варијанта на Caddy добива и 19 системи за безбедност и асистенција, вклучително и Travel Assist кој овозможува полуавтономно возење.

Caddy PanAmericana

Моделот е достапен со 1,5-литарскиот TSI мотор кој испорачува 114 КС или 2,0-литарскиот TDI дизел кој доаѓа во две верзии кои испорачуваат 102 КС или 122 КС. Сите мотори се во комбинација со шестстепен мануелен менувач и, со исклучок на послабиот дизел мотор, исто така се достапни со седумстепениот DSG менувач со двојна спојка.

Моќноста се испраќа на предните тркала, но исто така опционално се нуди 4Motion систем за погон на сите четири тркала кој е достапен со најмоќниот 2,0-литарски TDI мотор.

Volkswagen Caddy PanAmericana на матичниот пазар во Германија има почетна цена од 32.207, па се до 38.460 евра за дизел верзијата со погон на сите четири тркала и автоматски менувач.

Поврзани вести

Back to top button