Новите Evo дизел мотори на VW ќе користат двојно дозирање

Системот со SCR катализатори производителот ќе го претстави премиерно во новиот Passat 2.0 TDI Evo

Во процесот на двојно дозирање, AdBlue се вбризгува од два SCR катализатори кои се распоредени во серија, овозможувајќи значително намалување на емисиите на NOX.

Со цел да се подобри SCR-третманот на издувни гасови кај дизел моторите, Volkswagen сега користи двојно дозирање во своите нови TDI Evo мотори. Системот користи два SCR катализатори. Првиот SCR катализатор се наоѓа во близина на моторот, помеѓу турбо полначот, дизел оксидирачкиот катализатор и флексибилното парче за поврзување со цевката за придушување. Тука е потребната температура на издувните гасови помеѓу 220°C и 350°C, може да се пстигне брзо по ладното стартување.

Evo

Вториот SCR катализатор ја зголемува стапката на конверзија

Над оваа ознака, на пр. при возење со големи брзини на автопатот или кога возилото е целосно натоварено, моторот достигнува температури над 500°C. Ова е местото кога стапува во употреба вториот катализатор SCR, кој е на поголемо растојание од моторот. Ова доведува до температури кои се пониски дури и за 100°C, овозможувајќи му на системот да постигне многу високи стапки на конверзија. Блокирачкиот каталитички конвертор во линијата на SCR системот, спречува прекумерно пропуштање на амонијак.

Според Volkswagen, емисиите на NOX во процесот на двојно дозирање се 80 проценти пониски во споредба со моделите од претходната генерација. Системот се користи во новиот Passat 2.0 TDI Evo со 110 kW (150 коњски сили). Двојното дозирање исто така, ќе се користи на сличен начин кај сите нови TDI мотори на Volkswagen Golf 8.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close