НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Новитетот во SUV програмата на Mitsubishi пристигна и во Скопје

Како спој на купе и SUV, новиот модел на Mitsubishi Motors го добива името Eclipse Cross и со својата уникатност ќе се бори за водечките позиции во класата на компактните SUV

Со новиот модел на Mitsubishi Motors веќе сме имале прилика делумно да се запознаеме, кога  производителот ни ги претстави своите концептни модели XR-PHEV и XR-PHEV II во 2013 и 2015 година. Нивната производна верзија го доби името Eclipse Cross и беше официјално претставена на саемот во Женева во 2017 година.

Новиот Eclipse Cross претстаува наследник на спортскиот Eclipse, чија приказна заврши во 2012 година. Како што и самото име ни кажува, овој модел е сега во спортска SUV форма, па така членот „Cross“ во неговото име е сосема оправдан.

Eclipse Cross

Атрактивниот дизајн на новиот SUV не му е единствен атрибут. Тој може да се пофали и со голем број на иновации, кои се во чекор со технолошкиот тренд во автомобилската индустрија. Како спој на перформанси од добро познатиот спортски модел EVO и изглед инспириран од динамичко купе во SUV изведба, новиот Eclipse Cross предизвикува чувство на возбуда и воедно претставува нов импулс на јапонскиот бренд.

Овој модел може да се пофали и со низа награди по своето лансирање. Во Германија тој е избран за кросовер на годината од страна на магазинот „Off Road“, додека пак со награди за дизајн се заќити во Јапонија и Чикаго.

Новиот Eclipse Cross е базиран на истата платформа која ја користи и Оutlander. Што се однесува до погонските единици, јапонскиот SUV може да биде придвижуван од бензински или дизел агрегат. Бензинската изведба е опремена со супер економичниот и спортски 1,5 литарски турбо мотор, кој преку шест-степениот рачен менувач испорачува моќност од 163 КС. Дизел варијантата е со 2,2 литарска единица и моќност од 150 КС.

Листата на иноватнивните системи е составена од системот за предупредување при напуштање на коловозна лента, активната контрола во свиоци, ограничувачот на брзина, говорни команди, систем без клуч за отворање врати, задна камера и автоматско долго светло, кои се дел од стандардната опрема кај новиот Eclipse Cross. Тука, исто така се вбројува и системот за избегнување или ублажување на удар во предниот дел на возилото, кој има за цел да ја спречи или намали штетата доколку судирот е неизбежен. Системот располага со камера и ласерски радар кој воедно се користи за препознавање на возила и пешаци.

За повеќе информации околу новиот Mitsubishi Eclipse Cross може да се обратите во салонот на Мак Ауто Стар во Скопје или да ја посетите нивната веб страната на https://www.mitsubishimotors.mk/eclipse-cross-2019-1/ .

Клучни зборови

Поврзани вести

Close