fbpx

Се обидоа да испратат уште еден модел на Tesla во вселената?!

По исклучително спектакуларното и успешно лансирање на Tesla Roadster во космичкиот простор со Space X, група ентузијасти од Donut Media одлучија да го повторат маневaрoт со друго возило на американскиот производител

Тоа е Model X во размер од 1:42, произведен од познатиот производител на мали автомобили- Hot Wheels.

Се разбира, сè е ова речиси шега и забава, а тоа го покажува крајниот резултат. Момчињата на спотот прикажан на YouTube каналот како го „испраќаат“ малиот автомобил на небото, врзан за голем балон. На нивно изненадување, тој успешно успеа да се искачи на голема височина, да помине преку 200 милји.

Кога GPS-от покажува дека балонот веќе не се движи, започнало пребарувањето. По 18 часа во државата Невада, балонот е откриен, но на него нема количка. По детален преглед на видеото снимено од прикачена на балонот мала камера, се утврдува дека малиот Model X бил изгубен некаде низ пустињата по удар во висока карпа.

Поврзани вести

Back to top button