fbpx

Објавена првата фотографија од Kia Mohave 2020

Kia South Korea објави две фотографии од втората генерација на Kia Mohave

Претставена на саемот во Сеул во март оваа година, како концептот Masterpiece, Kia Mohave официјално дебитираше со две слики кои Kia South Korea ги објави на нивната Facebook страна. Новата генерација на Kia Mohave 2020 изгледа скоро идентично на концептниот модел.

Интересно е тоа што овој модел не го носи амблемот на Kia. На страничните лајсни се забележува името на SUV моделот, a 4WD ознаките посочуваат дека ова ќе биде груб теренец наменет за off-road авантури.

Kia Mohave

Сеуште нема објавено никакви технички спецификации за новиот Mohave, ниту пак слики од внатрешноста на автомобилот. Според ознаката V6 3.0 која може да се примети на сликата, сугерира на истиот мотор кој го имаше неговиот претходник.

Поврзани вести

Back to top button