fbpx

Од BMW ја објаснија причината за новото лого

Промената на логото на BMW, кое беше претставено пред десетина дена, следуваше вистинска лавина од реакции на јавноста, пред се негативни

Култниот симбол на BMW, кој во актуелната форма и дизајн е во употреба од 1997 година, доби свој благ „редизајн“ и сега повеќе не го поседува препознатливиот тродимензионален облик, но ниту истиот фонт за буквите, ниту идентичниот надворешен прстен како претходно. Сепак, тука и понатаму се сината и белата боја, како и деталите од знамето на Баварија, препознатливите детали на легендарното BMW лого.

Во овој момент BMW нема планови новото, проѕирно лого да го постави и на своите автомобили кои се во сериско производство. Наместо тоа, истото е наменето за дигитален маркетинг и комуникација, каде што потребата за промена беше повеќе од очигледна.

Во неодамнешното интервју за Adage, шефот на одделениот за маркетинг за пазарот во САД, Уве Дрехер, објасни зошто челниците на баварскиот гигант се сложиле за промена на амблемот на овој бренд.

„Кога ќе се земе предвид дека местото, односно алатката со која се служат најголем дел од луѓето за да дојдат до некоја информација, станува паметниот телефон, тогаш ви станува јасно дека повеќе не ни е неопходен комплициран и атрактивен беџ. Нашето лого беше навистеина комплексно, до точка детален. Логично, кога беше осмислен пред повеќе од 20 години кога бевме и бескрајно горди на така стилизираното решение. Сега луѓето гледаат во тие мали екрани, а вишокот на сложеност не носи никаква понатамошна корист. Напротив, дури некогаш и не ограничува. Предложеното решение е мошне поедноставено“, изјави тој.

Новото лого нема да се најде на автомобилите… Засега

Бурната реакција и неприфаќањето на новото лого од страна на јавноста некако е и очекувано. Ова не е прв, а сигурно ниту последен пат како BMW посегнува кон промена на својот амблем, а апсолутно секогаш кога ќе се одлучеле за промена, реакциите биле моментални и по правило навистина негативни.

BMW лого

„Кога го менувате симболот на марката по повеќе од 20 години, луѓето нормално дека ќе реагираат. Да бидеме целосно искрено, тоа е сосема во ред. Во ова модерно доба, благодарен сум на размената на мислења“, додаде Дрехер.

Според тоа, новото лого ќе се користи само за потребите за маркетиншките настапи и онлајн комуникации, што би требало да и остави доволно време на компанијата да процени дали ќе го користи новото решение и на сериските автомобили. Многумина сметаат дека новиот амблем ќе се најде и на новите возила кои ќе пристигнат од Баварија, а такви најави постојат и за новата „i“ серија.

Поврзани вести

Back to top button