Официјална премиера за Jeep Grand Cherokee L

Jeep официјално го претстави Grand Cherokee L, луксузната нова варијанта на популарниот SUV со трет ред седишта кој се приклучува на постојниот опсег

Поголем во однос на стандардниот модел, Jeep Grand Cherokee L се одликува со трет ред седишта, додека екстериерот, очекувано, се разликува во однос на Grand Cherokee кој веќе го познаваме. На прмер, предниот дел наликува на Grand Wagoneer концептот со тенки, хоризонтални фарови и препознатливата решетка. Зависно од нивото на опременост, тука се и LED дневните светла кои се позиционирани ниско на браникот. На задниот дел се истакнуваат тенките светла.

Кога ќе се погледне од страна, тогаш додадената должина на Grand Cherokee L станува очигледна. Меѓуосовинското растојание изнесува 3.091 милиметри, што знач дека SUV моделот има вкупна должина од 5.204 милиметри.

Внатрешноста на Grand Cherokee L е радикално поинаква во однос на стандардниот модел. Тука е целосно новата контролна табла на која е поставен 8,4-инчниот екран на допир или опционалниот 10,1-инчен екран. Двата го користат најновиот UConnect 5 инфозабавен систем и се одликува со бежичен Apple CarPlay и Android Auto. Како стандард, SUV моделот вклучува 10,3-инчен дигитален инструмент кластер. Истиот може да се конфигурира и да прикажува повеќе различни информации, вклучително и системот за ноќен преглед на возилото.

Со продолжувањето на меѓуосовинското растојание и додавањето на трет ред седишта, зад третиот ред се наоѓа багажен простор од 484 литри. Истиот се искачува до 1.328 литри кога третиот ред е склопен. Кога ќе се склопи и вториот ред, тогаш багажниот простор се искачува на 2.395 литри.

Jeep ќе понуди четири варијанти на својот модел. Првиот е Grand Cherokee L Laredo и пристигнува со 18-инчни тркала, 8,4-инчниот инфозабавен екран и мануелно подесивиот управувач обложен со кожа. Следува Limited со кожен ентериер, греење на седиштата, греење на вториот ред седишта, Alpine аудио систем со девет звучници и опционални 20-инчни тркала.

Grand Cherokee L

Jeep исто така ќе го продава моделот и во Overland и Summit форма. Првата се одликува со 20-инчни тркала како стандардни и исто така добива електронско ограничување на задниот диференцијал кој е достапен во „оф-роуд“ пакетот. Summit е позициониран како најлуксузна верзија и вклучува ладење на предните и вториот ред седишта, како и масажерски и мемориски функции на предните седишта. Следува McIntosh аудио системот со 19 звучници, Active Driving Assist и 10,1-инчен инфозабавен екран како стандарден.

Grand Cherokee L

Деталите од погонот исто така се познати. Базичниот модел пристигнува со Pentastar 3,6-литарскиот V6 мотор кој испорачува 294 КС и 348 Nm максимален вртежен момент. Тука е и 5,7-литарскиот Hemi V8 кој испорачува 263 КС и 528 Nm. Без оглед на тоа што ќе изберат купувачите, двете верзии пристигнуваат со осумстепен автоматски менувач како стандарден. Погонот на две тркала е стандарден, додека системот за погон на сите четири тркала се нуди како опција.

Grand Cherokee L

Голем број безбедносни системи доаѓаат како стандардни, а Jeep допрва треба да ги објави цените за Grand Cherokee L.

Поврзани вести

Back to top button