Официјални фотографии од новиот Hyundai i20 пред дебито во Женева

Hyundai потврди дека новата генерација на моделот i20 ќе ја претстави на почетокот од идниот месец на Саемот во Женева, а денеска беа објавени и неговите први официјални фотографии

Планирано или не, на интернет се појавија официјалните фотографии од новата генерација на Hyundai i20 кој јужнокорејската автомобилска компанија пред публиката ќе го претстави на престојниот Саем за автомобили во Женева кој започнува кон почетокот на идниот месец.

Покрај помодерниот изглед, по теркот на новите модели на јужнокорејскиот бренд, новиот i20 ќе се одликува и со унапредена верзија на актуелната платформа, како и поголема и попространа внатрешност со поинаков управувач, дигитална инструмент табла и нов инфозабавен систем од 10,25 инчи.

Hyundai i20

Официјалните детали допрва треба да бидат објавени, но од претходно е објавено дека во гамата на мотори, меѓу останатото, би требало да се најдат 1,0-литарски трицилиндричен турбо и 1,2-литарски атмосферски четирицилиндричен бензинец. Кога станува збор за менувачите, се споменуваат 5 и 6 степени мануелци, како и 7-степен DCT со двојна спојка. Исто така, се очекува и електрифицирана верзија, но деталите за тоа ќе бидат објавено веројатно при промоцијата.

Веќе е познато дека Hyundai својата трета генерација на автомобилот кој припаѓа на B сегментот овој пат ќе ја засили и со спортска верзија i20 N со 1,6-литарски турбо мотор и околу 200 КС. i20 N се очекува да пристигне и со спортски систем на потпирање, унапредено управување, посилни кочници, спортски издувен систен, електронски преден диференцијал, поатрактивен aero body пакет и спортски ентериер со нов управувач и седишта.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close