fbpx

Огромен интерес за целосно електричниот SUV на Volvo – XC40

Побарувачката за електрични возила е се поголема, па Volvo одлучи да го исфрли XC40 Recharge P8 AWD и неговото производство започнува веќе кон крајот на годината

Volvo Cars соопштуваат дека постои голем интерес кај купувачите за својот прв целосно електричен модел XC40 Recharge P8 AWD, кој е прв во сериско производство. Од компанијата ввелат дека неколку десетици илјади купувачи покажале голем интерес за електричниот SUV XC40, а уште пред официјалниот почеток на продажбата примиле илјадници нарачки.

Volvo Cars сака до 2025. година целосно електричните автомобили да претставуваат 50 проценти од нивната глобална продажба, а остатокот да бидат хибриди. Во 2019. година продадоа речиси 46.000 plug-in хибридни возила, што е зголемување за 23 проценти во однос на 2018. година и повеќе од двојно повеќе отколку во 2017. година. Во текот на третото тримесечје од 2019. година plug-in хибридните возила сочинуваа повеќе од 20 проценти на сите продадени возила на Volvo во Европа.

XC40

XC40 Recharge P8 е првиот автомобил од семејството целосно електрични возила на Volvo. Претставува вистински пресврт за Volvo Cars како прв електричен автомобил на компанијата и прв Volvo со целосно нов инфо-забавен систем кој функционира на Android оперативен систем.

Како целосно електрична верзија на успешниот XC40, првиот Volvo кој ја освои престижната награда Европски автомобил на годината, XC40 Recharge P8 е базиран на компактната модуларна архитектура (CMA), платформа развиена во соработка со Geely Group.

Volvo со низа зафати за зголемување на безбедноста на XC40 Recharge P8

Погонскиот склоп на сите тркала XC Recharge P8 нуди домет од преку 400 километри со едно полнење и сила од 408 КС. На брз полнач батеријата може да се наполни до 80 % од капацитетот за 40 минути.

Новиот Android инфо забавен систем им нуди на купувачите висок степен на персонализација, подобрено ниво на интуитивност со бројни сервиси и услуги на Goolge.

Додека ги развиваа безбедносните елементи на XC40, инженерите на компанијата Volvo Cars целосно ja преобликува и засили предната структура на линијата на Recharge P8 со цел да го решат недостатокот на моторот и со тоа да ги задоволат високо безбедносните барања на Volvo Cars и да обезбедат возачот и патниците да бидат безбедни како и во било кое друго возило на Volvo.

Батеријата е заштитена со безбедносен кафез вграден во средина на каросеријата на автомобилот, а нејзиното поставување во подот на автомобилот исто така го спушта тежиштето на автомобилот, поради подобра заштита од превртување.

Поврзани вести

Back to top button