ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Opel може да започне со извоз на автомобили

Шефот на PSA Групацијата, Карлос Таварес, објави дека Opel и британскиот Vauxhall, кој РЅА ги купи мора да почнат да заработуваат

Шефот на PSA Групацијата, Карлос Таварес, објави дека конечно новите брендови што ги купија- мора да почнат да заработуваат. Станува збор за Opel и британскиот Vauxhall, кој РЅА ги купи оваа година за 2,2 милијарди евра.

Пред само неколку дена Таварес образложи дека е веќе подготвен план за Opel, кој ќе биде целосно објавен во текот на ноември, но немаше коментар за британската филијала. Што се однесува до Vauxhall, Таварес објасни дека не сака да го ограничи брендот во Велика Британија и ја прифаќа идејата за извоз на неговото производство, се додека тоа ќе им помага на поделбата на Opel да оствари профит. Vauxhall нуди модели со управување на десната страна од Opel, и ќе биде интересно каде ќе биде насочен идниот извоз.

Многу аналитичари очекуваат брендот да влезе во Австралија, па дури и во Јапонија. Во исто време, моделите на Opel со години се продаваат во САД под брендот Buick и многу е веројатно дека овој потфат ќе се оживее, особено што РЅА не е присутна во Северна Америка.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker