НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Opel Astra со два нови 1.6 литарски мотори

Opel најави две нови единици за своето најпопуларно возило

Ова е со цел да бидат навремено задоволени стандардите Euro 6d-TEMP, кои стапуваат на сила од септември 2019, со кои треба емисиите да бидат подложени на уште построги норми. За таа цел Opel Astra добива два 1.6-литарски мотори, еден бензински и еден дизел.

Бензинскиот има моќ од 200 КС со максимален вртежен момент од 300 Nm, што е доста сериозно достигнување за бензински турбо остварувања со сличен работен волумен. Благодарение на тоа, забрзувањето до 100 km/h кај вака спакуваната изведба ќе изнесува само 7,9 секунди.

Opel

 

Дизелскиот 1.6-литарски мотор ќе има 136 КС и 320 Nm вртежен момент и ќе биде достапен во спрега со 6-брзински мануелен или автоматски менувач. Акцентот е тука за потрошувачка на гориво, а во комбиниран циклус тој ќе изнесува 4,9 литри на 100 километри.

Opel додава дека новиот дизел мотор нема да биде засегнат од претстојните ограничувања за влез на дизел автомобили во центрите на некои поголеми европски градови.

Opel

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close