fbpx

Opel Combo Life добива 130 КС и осум-степен менувач

Германскиот производител го најави новиот 1,2 литарски погон за Combo Life

Германскиот MPV сега добива нов 1,2 литарски три-цилиндарски бензински турбо мотор, кој му обезбедува моќност од 130 коњски сили и 230 Nm вртежен момент при 1.750 вртежи во минута.

Овој агрегат на PSA е поврзан исклучиво со осум-степен автоматски менувач со старт/стоп, чија просечна горивна потрошувачка според NEDC изнесува 5,3 литри на 100 изминати километри и CO2 емисија од 121 g/km. Вака конфигураниот Combo Life забрзува од 0 до 100 километри на час за 12.3 секунди и достигнува максимална брзина од 186 километри на час.

Combo Life

Покрај новиот мотор и автоматскиот менувач, Combo Life 1.2 Turbo добива нови стандардни карактеристики, како шест-степеното прилагодливо возачкото седиште со лумбална потпора и потпирач за рака, загреан мултифункционален управувач завиткан во кожа и климатизација.

Инфозабавниот систем доаѓа со екран на допир и подржува Apple CarPlay и Android Auto, а како стандардни се и неколку системи за помош на возачот. Овие вклучуваат автоматски темпомат и ограничувач на брзината, предупредување за фронтален судир со сопирање при вонредни состојби и сопирање на пешаци, асистенција за одржување лента, препознавање сообраќајни знаци и предупредување за поспаност на возачот.

Поврзани вести

Back to top button