Opel го додаде Movano-e во својата електрична постава

Opel ја претстави третата генерација на Movano кој како опција во поставата за прв пат добива верзија со електричен погон

Movano ја доби својата трета генерација, а со тоа за прв пат добива и целосно електричен погон, со што Opel го проширува семејството на електрични лесни комерцијални возила каде се наоѓаат и Combo-e и Vivaro-e. Новиот Movano-e во продажните салони во Европа ќе се најде нешто подоцна оваа година.

Електричното комбе на Opel добива електромотор кој испорачува 122 КС и 260 Nm ввртежен момент. Movano-e се напојува со 37 или 70 kWh батерија и добива опсег на движење од 117 или 224 километри според WLTP циклусот, додека максималната брзина е ограничена на 110 километри на час.

Батеријата е поставена меѓу двете оски под подот, со што не се влијае на товарниот капацитет, во споредба со дизелските модели кои доибваат 2,2-литарски мотор. Овој агрегат развива меѓу 120 и 165 КС и 300, односно 370 Nm максимален вртежен момент и доаѓа во комбинација со шестстепен мануелен менувач и погон на предните тркала во сите конфигурации.

Три различни изведби

Третата генерација на Movano може да се добие во три различни каросериски изведби, четири должини на меѓуосовинското растојание и три опции за висината, а товарниот капацитет варира од 8 до 17 кубни метри. Во H3 спецификацијата, моделот добива 2.03 метри товарна висина, а вратите можат да се отворат до агол од 270 степени. Се одликува со максимална товарна тежина од 2.100 килограми.

Movano-e

Новите Movano и Movano-e ги добиваат новите Opel Connect и My Opel апликации. Кај електричната варијанта, My Opel нуди корисни информации како што се локацијата на најблиската полначка станица, додека Opel Connect нуди пристап до актуелниот полначки статус.

Movano-e

Без оглед на конфигурацијата, сите верзии добиваат Live Navigation со информации за сообраќајот во реално време, а можат да се добијат со различни безбедносни карактеристики кои варираат од предупредување за преден судир и предупредување за слепа точка, па се до предупредување за напуштање на коловозната лента и контрола и асистенција за поаѓање во нагорнина.

Поврзани вести

Back to top button