fbpx

Opel го покажа Grandland X Hybrid4 (Видео)

Opel ги објави првите официјални фотографии, детали и видео на plug-in хибридната верзија на својот модел Grandland X

Opel Grandland X Hybrid4 доаѓа со погон на четири тркала, а хибридниот систем ветува максимална моќност од 300 коњски сили.

Автомобилот нуди избор помеѓу четири основни начини на работа- целосно електричен, хибриден, AWD и спортски, а од компанијата велат дека за полнење на батеријата, која нуди до 50 километри автономија во чист електричен режим, може да биде причекате малку под 2 часа.

Првите испораки на Opel Grandland X Hybrid4, кој е опремен со 1.6 литарски бензински турбоагрегат и два електромотори со вкупна моќ од 109 коњски сили, литиум-јонска батерија (13.2 kWh) и осумстепена автоматска менувачка кутија, се очекува да бидат реализирани во почетокот на следната година.

Поврзани вести

Back to top button