Opel го претстави електричниот Combo-e

Германскиот бренд Opel официјално ја претстави електричната верзија на своето комерцијално возило Combo, кое е наречено Combo-e

Opel продолжува со електрификацијата на своите комерцијални возила, а последно во низата е Combo. Новиот Opel Combo-e пристинува со електромотор кој испорачува 136 КС и 260 Nm максимален вртежен момент, а сето тоа е овозможено благодарение на 50 kWh батерија која е поставена во подот меѓу двете осовини.

Со оваа конфигурација германскиот производител тврди дека електричното комерцијално возило од нула до „стотка“ може да забрза за 11,2 секунди и да достигне максимална брзина од 130 километри на час. Според проценките, Opel Combo-e ќе понуди 275 километри опсег на движење со едно полнење според WLTP циклусот, додека полнењето до 80 проценти на полнач од 100 kW ќе трае околу 30 минути.

Opel Combo-e

Opel Combo-e ќе пристигне во продажните салони ширум Европа оваа есен, а комерцијалното возило ќе биде понудено во две должини. Најповолната варијанта изнесува 4,4 метри во должина, со 2,785 милиметри меѓуосовинско растојание и максимална товарна должина од 3.090 милиметри. Товарниот простор е 3,8 кубни метри, додека капацитетот изнесува 800 килограми. Втората верзија е 4,75 метри во должина, има 2.975 милиметри долго меѓуосовинско растојание, 3.440 милиметри долг товарна должина и 4,4 кубни метри товарен простор.

Варијантата на подолгиот модел која ќе понуди простор за седење до пет лица ќе се приклучи на поставата, а сите модели ќе имаат Android Auto и Apple CarPlay, заедно со неколку клучни безбедносни системи како што се предупредување за преден судир со детекција на пешаци, автоматско сопирање во итни случаи и препознавање на сообраќајни знаци. Задната камера ќе се нуди како опција, заедно со други технолошки додатоци, како што е 8-инчниот екран на допир, а купувачите можат да го добијат и Flank Guard системот кој користи сензори за помош при маневрирање во тесни простори, како и Overload Indicator кој ги предупредува возачите кога товарот го исполнува максималниот капацитет.

Opel Combo-e

Поврзани вести

Back to top button