Opel Grandland X доби нов дизел

Кросоверoт Opel Grandland X излезе само пред една година, но производителот веќе ја замени речиси целата негова гама на мотори

Последната новина е дизел мотор на Алијансата PSA Peugeot-Citroen, кој веќе ќе се нуди за моделот. Станува збор за 1.5-литарски агрегат со 130 КС, кој го заменува досегашниот 1.6-литарски мотор на Opel со 120 КС. Новиот мотор не е само помоќен туку и поекономичен. Според официјалното соопштение на производителот, тој троши 4,1 l/100 km, а може да се комбинира со 6-брзински мануелен или со 8-степен автоматски менувач. Очекувањата се до крајот на годината Opel Grandland X да понуди и помоќен бензински мотор.

Opel Grandland X

Кросоверот се појави во времето кога Opel беше сопственост на General Motors, но генерално неговиот развој беше предводен заедно со PSA и тој претставува аналогна изведба на Peugeot 3008. Затоа моделот нема погон на четири тркала. Уште минатата есен, PSA објави дека моделите на Opel постепено ќе добијат француски агрегати. Тогаш беше откриено дека Grandland X ќе стане првиот plug-in хибриден модел на германската марка.

Оваа верзија на кросоверот Opel Grandland X ќе дојде во 2020 година.

Opel Grandland X

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close