fbpx

Opel и долгата традиција на електрични автомобили

Opel повеќе од пет децении води истражувачки и развојни работи на полето на електричниот погон, поради што германскиот производител е еден од пионерите во оваа област

Со новата Corsa-e и Grandland X plug-in хибрид, најновите електрични автомобили на Opel се упатуваат кон патиштата. Целосно електричниот Opel Vivaro, како и електричниот наследник на Mokka X ќе следуваат кон крајот на годината, додека Opel Kombo-e, Opel Zafira Life-e и електричниот наследник на Astra ќе се приклучат на тимот во 2021 година. Сите модели на патнички автомобили и лесни комерцијални возила ќе бидат електрифицирани до 2024 година според плановите на раководството на Opel.

Уште во 1968 година Kadett B Stir-Lec I го карактеризираше принципот „продолжувач на опсегот“ што подоцна ќе започне со производството на Opel Ampera. Студијата Stir-Lecce се напојуваше со 14 батерии на олово-киселина, а електричната енергија што постојано ги одржуваше батериите да се напојуваат беше произведена од заднопоставен Stirling мотор со внатрешно согорување. Три години подоцна, Џорџ фон Опел, внук на основачот на компанијата, собори шест светски рекорди за електрични возила зад управувачот на Opel Electro GT со 188 километри на час напојуван од два споени електрични мотори кои произведуваат 120 КС. Енергијата се снабдуваше со батерија со никел-кадиум од 590 килограми и со постојана брзина од 100 километри на час автомобилот имаше опсег од 44 километри.

Одржлив електричен импулс: Opel Impuls и Opel Twin

Истражувањата направија чекор напред со програмата Opel Impuls во текот на 1990-97 година. Impuls I беше возило базирано на Kadett напојувано со електричен мотор со директна струја од 16 kW користејќи ќелии на батеријата на никел-кадиум со течен електролит. Имаше опсег од околу 80 километри и максимална брзина од 100 километри на час.

Opel

Една година подоцна следуваше Impuls II заснована на Astra караван. Користеше 32 батерии на олово-киселина за напојување на два фазни асинхрони мотори со вкупно речиси 61 КС. Од 1993 до 1997 година, Opel ја реализираше својата прва програма за тестирање на големи електрични возила со Impuls III. Беше тестирана флота од десет автомобили Impuls III на германскиот остров Риген, минувајќи вкупно повеќе од 300.000 километри. Пет возила беа опремени со батерии на никел-кадиум (61 КС), а другите пет користеа батерии со голема енергија од натриум/никел-хлорид (57 КС). Сите десет возила Impuls III беа опремени со трофазен синхромотор.

Во меѓувреме во 1992 година беше откриено широко распродадениот концепт автомобил Opel Twin. Трицилиндарски, 0,8-литарски бензински мотор кој испорачува 34 КС, беше достапен за возење на автопат, додкеа електричната единициа со два мотори со 14 КС се користеше за градско и возење на кратки растојанија. Возачот на Opel Twin имаше централна позиција напред, со три патнички места позади. Во 1995 година, Opel почна електрична мобилност во сегментот на комерцијални возила со концепт комбето Combo Plus, во кое имаше две батерии натриум/никел – хлорид со голема енергија, кои работат во комбинација со трифазен мотор од 45 kW.

Горивни ќелии при секојдневно тестирање: HydroGen флоти без емисии

Во 2000 година, развојот на горивните ќелии на Opel излезе на улиците со помош на Zafira HydroGen1. Неговата ќелија со водородно гориво обезбедуваше електрична енергија за трифазен синхрон мотор давајќи 75 КС и 251 Nm вртежен момент. Во 2001 година, флота од 20 модели HydroGen3 беше управувана од клиенти за тестирање. Енергијата се зголеми на 82 КС, давајќи максимална брзина од 160 километри на час. Во маратонот со горивни ќелии во 2004 година, две возила HydroGen3 минаа речиси 10.000 километри низ цела Европа, од Хамерфест во Норвешка до Лисабон во Португалија. Зад управувачот на HydroGen3, возачот на Opel DTM и Гранпри, Хајнц-Харалд Ференцен исто така го освои релито Монте Карло во 2005 година за автомобили со алтернативен погон.

Opel

Четвртата генерација на возила на горивни ќелии, HydroGen4, исто така е целосно без емисија на гасови, при што само испарувањето на водата излегува од издувните цевки. Резервоарот со горивни ќелии што се состои од 440 клетки поврзани во серија, во кои водородот реагира со кислород од воздухот, е одговорен за возењето што е пријателски кон животната средина. Нема согорување, туку електрохемиска реакција која ја генерира електричната енергија. На овој начин, можно е континуирано производство од 100 КС и најголема моќност од 128 КС. Почнувајќи од 2008 година, една флота возила HydroGen4 започна да ја демонстрира нејзината соодветност за секојдневна употреаб во проект спонзориран од Федералното Министерство за транспорт во Берлин, а подоцна и во покраините Хамбург, Баден-Вуртемберг, Северна Рајна – Вестфалија и Хесе.

Opel

Шампиони во должина на опсег: Opel Ampera со продолжена автономија

Во исто време, Opel исто така го продолжи равзвојот на возила на батерија и го претстави иновативниот Flextreme Concept на IAA во Франкфурт во 2007 година во кој имаше електричен погон со Voltec продолжен опсег. Концептот Flextreme GT/E, беше претставен на Салонот за автомобили во Женева во 2010 година, илустрираше како овој погонски концепт може да се интегрира и во автомобил со средна големина.

Opel

Електричниот погон со дополнителен опсег стигна во сериско производство во 2011 година во Opel Ampera, првиот електричен автомобил за четири лица целосно погоден за секојдневна употреба и патување. Енергијата за растојанија помеѓу 40 и 80 километри ја снабдуваше литиум-јонската батерија од 16 kWh, која го напојува електричниот мотор од 150 КС. Секогаш кога нивото на полнење на батеријата достигнуваше дефиниран минимум, бензинскиот мотор од 86 КС автоматски се вклучуваше генераторот за напојувае на електричниот мотор. Овој вид на континуирано снабдување со енергија обезбедува безгрижно возење – без станица за полнење и со опсег од неколку стотици километри. Ampera беше пред своето време и ја доби титулата „Европски автомобил на годината во 2012 година“.

Opel

Opel Ampera-e

По неа следуваше Opel Ampera-e во 2016/2017 година. Со чист електричен опсег од 423 километри, водечки во сегментот, Ampera-e дебитираше како вистински шампион во опсег, на Саемот за автомобили во Париз. Бидејќи батериите се монтираат дополнително рамни во подот, тоа нуди простор за пет патници и багажник со капацитет на целосен модел со пет врати со компактна класа (381 литри). Ampera-е исто така, демонстрира како електричната мобилност и задоволството при возењето можат да формираат една единица, бидејќи максималниот вртежен момент од 360 Nm обезбедува импресивни вредности на забрзување и еластичност. Силата на електричниот мотор е 204 КС. Компактниот автомобил забрзува до 50 km/h за 3,2 секунди го покрива средниот спринт од 80 до 120 километри на час при престигнување за само 4,5 секунди.

Eсента 2017 година, Opel беше награден со меѓународно признатиот „Златен волан“ во малата и компактната класа на автомобили за Ampera-e. И жирито на AutoBest веќе гласаше за Ampera-e EcoBest 2016. Дилерите на Opel имаат уште неколку Ampera-e кои наскоро ќе бидат заменети со новта Corsa-e која веќе ја освои наградата AutoBest Best Buy Car of Europe.

Поврзани вести

Back to top button