НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Во Европа започна продажбата на спортскиот лифтбек и комби

Германскиот производител Opel стартуваше со пласман на набилданите верзии на новата генерација на лифтбекот и караванот Insignia GSi

Цените на двата автомобила се 45.595 и 46.595 евра.

Модификациите Opel Insignia Grand Sport GSi и Opel Insignia Sports Tourer GSi се разликуваат од стандардниот модел по агресивна аеродинамика која вклучува дополнителни или преработени елементи на каросеријата. По желба на клиентот, во внатрешноста можат да бидат вградени спортски седишта.

GSi

За машините се предвидени два мотори. Бензинскиот турбомотор со зафатнина од 2.0 литри развива моќност од 260 КС, а дизелот со две турбини- 210 КС. Менувачот е 8- брзински автоматски, а брзините можат да се менуваат рачно од воланот. Сите верзии имаат погон на четири тркала.

Од Opel откриваат дека бензинскиот лифтбек Opel Insignia Grand Sport GSi забрзува од 0 до 100 km/h за 7,3 секунди и развива максимална брзина од 250 km/h. Кај караванот Insignia Sports Tourer GSi индикаторите се 7,5 секунди и 245 km/h. Дизел варијантите забрзуваат до „стотка“ за 7,9 секунди, максималната брзина на лифтбекот е 233 km/h, а кај караванот 231 km/h.

GSi

Во опремата на машините влегуваат гуми Michelin Pilot Sport 4 S, индивидуализирани амортизери FlexRide, сопирачки Brembo, алуминиумски педали, како и систем кој му овозможува на возачот да избере помеѓу четири режими на придвижување: Standard, Tour, Sport и Competition.

Клучни зборови

Поврзани вести

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker