НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Opel го исполни Euro 6d-TEMP пред крајниот рок

Речиси 14 месеци пред Euro 6d-TEMP да стане задолжителeн за сите ново регистрирани автомобили, од септември 2019, вкупно 79 мотори на Opel веќе ги исполнуваат новите строги ограничувања

Opel има водечка улога во имплементацијата на идниот европски стандард, кој вклучува реални емисии во возењето (RDE), мерени на јавни патишта. Бензинските и погоните на гас, кои се во согласност со Euro 6d-TEMP се достапни во опсегот на моделите на Opel, вклучувајќи ги ADAM, KARL, Corsa, Astra, Cascada, Insignia, Mokka X, Crossland X, Grandland X и Zafira – плус дизелски верзии.

-Брзата транзиција на Opel кон Euro 6d-TEMP е дел од нашата цел да преземеме водечка улога во намалувањето на емисиите од автомобилите”, вели извршниот директор на Инженеринг одделот, Кристијан Милер. “Следните чекори се четири електрифицирани модели до 2020 година, вклучувајќи ја и следната генерација на Corsa, како комплетно електрично возило на батерии, а Grandland X како наш прв plug-in хибрид. До 2024 година ќе бидеме целосно електрифицирани, со хибридна или електрична верзија на секој модел на патнички автомобил “.

Освен разновидноста на новоразвиените мотори, Opel исто така ја додава и најсовремената технологија на сегашните погонски единици, со цел дополнително да го оптимизира издувниот систем за Euro 6d-TEMP. На пример, Zafira добива нова верзија на 1.6-литарскиот бензински мотор со директно вбризгување. Како резултат на тоа, сите погонски единици на Zafira сега се опремени со филтер за честички (вклучувајќи ја и бензинската варијанта), додека дизелите дополнително ја користат технологијата за селективна каталитичка редукција (SCR).

Новата верзија на бензински мотор нуди моќ од 136 КС и е достапна со шест брзински мануелен и автоматски менувач. Затворањето на филтерот за честички на бензин (GPF) овозможува оптимална регенерација (т.е. оксидација на честичките што се акумулираат во филтерот), намалувајќи ги емисиите што е можно повеќе. Во SCR процесот за дизелски мотори, AdBlue се инјектира во издувниот гас.

Растворот се распаѓа во амонијак. Азотните оксиди (NOx) влегуваат во катализаторот во издувниот гас, а потоа селективно се намалуваат до азот и вода. Со усогласеност на SCR и Euro 6d-TEMP на дизелските мотори на Opel нема да влијаат забраните на дизелски возила од градските центри што во моментов се разгледуваат во Германија.

Компактното спортско возило на Opel – Grandland X донесува нов дизел во портфолиото на погонски единици на брендот. Новиот мотор е дизајниран да ги задоволи строгите барања за идните емисии благодарение на иновативниот оксидациски катализатор / NOx adsorber заедно со селективната каталитичка редукција (SCR).

Со моќ од 130 КС и развивање на максимален вртежен момент од 300 Nm, новиот 1.5-литарски, четирицилиндерски турбо дизел се нуди со 6-брзински мануелен менувач, како и напреден 8-степен автоматски менувач. Дизелските 1.6-литарски мотори на Insignia исто така се опремени со SCR технологија. И покрај умерената потрошувачка на гориво, Insignia 1.6D обезбедува супериорни перформанси, забрзувајќи од нула до 100 km/h за 10,5 секунди и достигнувајќи максимална брзина од 212 km/h.

Офанзивата на Euro 6d-TEMP на Opel продолжува со Astra.

Бензинскиот 1.6-литарскиот мотор кој произведува 200 КС и вртежен момент од 300 Нм, сега има филтер за бензински честички (GPF). Со 6-брзински мануелен или автоматски менувач, 1.6 Turbo може да биде вграден во Astra хечбек и Sports Tourer и да постигнува максимална брзина од 235 km/h и да овозможи забрзување од нула до 100 km/h за 7,8 или 7,9 секунди. Турбo дизелскиот 1.6-литарскиот мотор на Astra, со 136 КС и 320 Nm вртежен момент е опремен со технологија за селективна каталитичка редукција (SCR) за понатамошно намалување на емисиите на азотни оксиди. Новиот 1.6D, исто така, ќе стане достапен и на Sports Tourer во блиска иднина.

6d-TEMP

Клучни зборови

Поврзани вести

Close