fbpx

Opel им нуди пари на своите вработени, aко си заминат!

Германскиот производител Opel, започна кампања за подобрување на финансиската состојба

На вработените им се нудат сериозни финансиски стимулации за да заминат и ова е дел од програмата за градење на одржлива иднина за компанијата.

За таа цел, Opel веќе побара „конструктивни предлози” од алијансата PSA, која е новиот сопственик на германскиот бренд. Ова се случи откако фабриките и центрите на Opel во Германија останаа надвор од големиот инвестициски план на француската група. Сега има нови разговори со синдикатите, но Opel е цврстo решен да ги избегне масовните намалувања и затворањето на фабриките.

Opel им нуди пари на своите вработени, aко си заминат

Според германските медиуми, компанијата им нуди бонус од 20.000 евра на своите вработени, кои ќе се согласат нивните договори ќе бидат прекинати во наредните два месеци. Износот може да биде уште поголем ако бруто платата на вработениот е поголема и поради тоа треба да се плати поголем надомест. Повеќе средства се исто така достапни за лица со посебни потреби на Оpel или оние со повеќе деца во нивните семејства.

Бонусите се обезбедуваат и за оние вработени кои престојуваат во компанијата, но го менуваат местото на работа и се обврзани со подолг нов договор. Синдикатите објавија дека бараат начин да го одложат веќе договореното зголемување на платите во автомобилскиот сектор за 4,3%. Во Германија во моментов работат 19.000 луѓе за Opel и над 35.000 во Европа.

Поврзани вести

Back to top button