Opel подготви драстично освежување за Grandland

Кон крајот на минатата година Opel го ревидираше изгледот на моделот Crosslend, а сега на ред дојде и поголемиот кросовер Grandland

Opel подготви фејслифт третман за својот SUV модел Grandland, кој минува низ драстична промена на визуелниот изглед, како во внатрешноста, така и на надворешноста. Пред се, освежениот Grandland ја добива новата корпоративна Vizor предница која дебитираше кај Mokka, а тука е и Matrix LED технологијата која се наоѓа кај Insignia. Opel дополнително ја подобри видливоста со додавањето на Night Vision систем со инфраред камера која може да детектира луѓе и животни на оддалеченост од 100 метри.

Grandland

Поголеми промени се направени во внатрешноста каде Grandland добива ревидирана контролна табла на која е сместена поставката со двоен екран. Поставени еден до друг, дигиталниот инструмент кластер и инфозабавниот систем се поставени слично како кај Mokka, додека поскапите верзии добиваат и поголем 10-инчен екран на допир за инфозабавниот систем.

Некои од командите исто така се поинакви од претходно, а кабината добива нешто помодерен изглед. Може слободно да се каже дека промените се изненадувачки големи со оглед на тоа дека станува збор за фејслифт наместо нова генерација на моделот.

Opel додава уште повеќе технологија во освежениот Grandland со поставувањето на 360-степена камера и адаптивен темпомат со Start & Stop систем во случај кросоверот да е опремен со автоматски менувач. Унапредениот кросовер сега пристигнува и со активен систем за одржување во коловозната лента и автоматски паркинг асистент.

Grandland

Нема многу детали кога станува збор за погоните, но како што можете да видите, верзијата која е прикажана во фотографиите е plug-in хибрид. Претходната верзија комбинираше 1,6-литарски бензинец со два електромотори за вкупна моќност од 300 КС и 450 Nm максимален вртежен момент и погон на сите четири тркал.

Oд Opel истакнаа дека ќе откријат повеќе детали во престојните недели, а испораката ќе започне на есен.

Поврзани вести

Back to top button